Редовните ажурирања се неопходни за секој уред, со цел да се инсталира нов софтвер. Но, сега се појавија три безбедносни закани, па на корисниците на iPhone им се советува да ги ажурираат своите уреди што е можно поскоро.

Според Форбс, корисниците на iPhone и iPad треба да ги ажурираат своите уреди со најновиот софтвер, iOS 16.5. Со тоа ажурирање, корисниците ќе бидат заштитени од три безбедносни закани.

Овие закани може да влијаат и на моделите на iPad Pro; iPad Air модели од 3-та генерација наваму; iPad модели од 5-та генерација наваму; и iPad Mini од 5-та генерација наваму, пренесува BestLife.

Ако не сте сигурни кој модел го имате, тие информации можете да ги најдете во поставките на уредот. Од суштинско значење е да се ажурира уредот за да се заштитат корисниците од закани кои можат да ги загрозат нивните лични податоци, пренесува N1.

Доколку не знаете како да го направите ова, погледнете го видео туторијалот објавен од Apple: