Од минатиот викенд, обожавателите на стримерката и изведувач на перформанси, под името Amouranth, можеа да комуницираат со нејзината верзија со вештачка интелигенција наречена AI Amo.
Исто како и индустријата за видео игри, пандемијата беше незаборавен период на голем раст за инфлуенсерите и стримерите. Но, после тој период, гледаноста на Twitch и слични платформи опадна, па можност за дополнителна заработка се бара во други трендови. Вештачката интелигенција е топ тема оваа година, а најпопуларниот стример на Twitch веќе се префрли на неа.
Така беше лансирана AI Amo минатиот викенд – бот за комуникација на познатиот стример Кејтлин „Аморант“ Сирагуза. AI Amo е во состојба да генерира одговори на прашања и да ги комуницира со глас што звучи како гласот на популарната Амурант. Вештачката интелигенција научила како да го имитира нејзиниот глас анализирајќи ги нејзините преноси во живо, снимките и другите материјали.
Her AI is part of an upcoming platform called Forever Voices, which allows users to speak to bots modeled after public figures
More info: https://t.co/U5sBVYiMuT
— Dexerto (@Dexerto) May 19, 2023
„Уживам да ризикувам и да ги поместувам границите. Но, пред сè, мојот приоритет е да бидам таму за мојата неверојатна публика. AI Amouranth е дизајниран да ги задоволи потребите на секој од моите обожаватели и да обезбеди незаборавно искуство”, рече Сирагуза на промоцијата на нејзиниот бот со вештачка интелигенција.
Како функционира целата работа, прашувате? Сè се одвива преку апликацијата Telegram. За да пристапите до ботот AI Amo, кликнете на посебна врска и со тоа автоматски изјавувате дека сте полнолетни, т.е. дека сте свесни дека таму ве чекаат 18+ содржини. И тогаш треба да платите за да го отклучите пристапот до ботот со вештачка интелигенција. Потоа се плаќа по еден долар за секоја минута разговор со виртуелната Аморант.
Иако Сирагуза наведува дека со својата AI верзија се обидува да ги помести границите, ова всушност не е прв случај на јавна личност да го лансира својот бот со вештачка интелигенција. Претходно тоа го направи инфлуенсерката на Snapchat, Керин Марџори, а 20 илјади луѓе се претплатија за да комуницираат со нејзината верзија со вештачка интелигенција. Така барем вели Business Insider.