Ново истражување покажа дека дождот е сè почест на Гренланд со што се забрзува топењето на мразот, а научниците велат дека се изненадени што врне дожд и за време на втората арктичка зима, пишува BBC.

Научниците внимателно ја набљудуваат масивната гренландска плоча која содржи огромна количина на замрзната вода. Во случај на топење на толкавата количина замрзната вода, нивото мора да се зголеми за седум метри што би ја загрозила популацијата која живее во крајбрежните подрачја ширум светот.

Научниците ги проучувале сателитските снимки на ледениот покривач на кој се гледа подрачјето каде почнало топењето и тие снимки се комбинираа со податоците кои ги собрале од 20 автоматски метеоролошки станици кои забележале кога дошло до дожд. Анализата е, во повеќе од 300 случаеви помеѓу 1979 и 2012 година дека дождот предизвикувал топење на мразот.

Повеќе дожд врнело во текот на летото, кога температурите биле над нулата. Меѓутоа, дождот бил сè почест и за време на зимските месеци и кога температурата на воздухот требала да биде под нулата.

Мерилен Олтманс од истражувачкиот центар GEOMAR во Германија која ја водеше оваа студија рекла за BBC дека научниците се изненадени со појавата на дожд во текот на зимата.

“Тоа има смисла, бидејќи гледаме како топлиот воздух доаѓа од југот, но и понатаму е изненадувачки кога тоа ќе го поврзете со дождовите”, рекол Олтманс.

Извор: Klix.ba