Калифорниската компанија Nest претстави паметно ѕвонче Nest Hello кое има можност за препознавање лица, па можете да се почувствувате сигурни ако странец ви стои пред врата.

Nest Hello ѕвончето поддржува снимање во HDR, како и снимање со ноќна камера, што е карактеристично и за другите производи на оваа компанија.

Паметното ѕвонче е опремено со сензори за препознавање лица, токму како на паметните сигурносни камери, и секогаш ќе ги препознае лицата на членовите на семејството, пријателите и оние кои често ви чукаат на врата. На овој начин Nest Hello ќе ве извести ако пред вратата стои странец или некој кој едноставно не сака да ви заѕвони.

Ѕвончето има и вграден стабилизатор па буката од улица кога разговарате со некој кој стои пред врата нема да ви пречи.
Nest Hello може да се поврзе и со секој паметен телефон и автоматски да ви го прикаже лицето коие притиснало на ѕвончето.
Заедно со ѕвончето Nest претстави и камери и сигурносни системи.

https://www.youtube.com/watch?v=7kIDMEOc1nA