Сопственикот на Твитер, Илон Маск, изјави дека најмил жена да ја преземе функцијата извршен директор на социјалната мрежа.
Маск, кој го купи Твитер во октомври 2022 година, напиша на Твитер:
„Возбуден сум што можам да објавам дека имам нов извршен директор за Твитер. Таа ќе започне за 6 недели! Мојата улога ќе премине во извршен претседател и CTO (Главен директор за технологија), кој ќе го надгледува производот и софтверот“, рече Маск.
Excited to announce that I’ve hired a new CEO for X/Twitter. She will be starting in ~6 weeks!
My role will transition to being exec chair & CTO, overseeing product, software & sysops.
— Elon Musk (@elonmusk) May 11, 2023
Илон Маск не го откри идентитетот на жената.
Поврзани артикли