Компанијата Iiyama претстави стилизиран, 28-инчен XUB2893UHSU монитор, кој се одликува со дизајн од раб до раб за конфигурации на повеќе екрани и е погоден за деловни средини.

Мониторот има 4K резолуција (3840 x 2160 пиксели), брзина на освежување од 60Hz, контраст 1000:1, осветленост од 300 cd/m2 и широк агол на гледање. Одзивот на екранот е 3ms.

Поддршката за бои вклучува 100% sRGB и 72% NTSC спектар, со 10-битен приказ од 1,07 милијарди бои, што ќе им користи на креаторите на содржини, графички дизајнери, фото и видео процесори, како и други креативни и професионални корисници на кои им се потребни повеќе детали.

За брзина и леснотија на користење, XUB2893UHSU има 4-портен USB-центар за поврзување со тастатура и глушец со мониторот, а USB-портот има и поддршка за брзо полнење на компатибилни телефони. Од опциите за поврзување, има Дигитален HDMI и DisplayPort.

Мониторот има и ергономски држач, како и поддршка за Flicker Free и Blue Light Reducer функциите, кои помагаат да се спречи замор на очите.