Sony официјално го претстави својот најнов водечки телефон – Xperia 1 V, кој го носи првиот мобилен Exmor T сензор за подобрена фотографија при слаба осветленост.

Sony Xperia 1 V има 6,5-инчен 4K OLED дисплеј со брзина на освежување од 120 Hz. Екранот има заштита од Gorilla Glass Victus 2, како и селфи камера од 12 MP.

Телефонот е поддржан од мобилниот чип X1 за подобрен квалитет на видеото, додека уредот се напојува со премиум чип Snapdragon 8 Gen 2. Доаѓа и со 12 GB RAM и 256 GB простор за складирање податоци.

На задната страна, која содржи и стакло Gorilla Glass Victus 2, има систем на подобрени сензори на камерата. Тие вклучуваат главна камера од 52 MP, телефото од 12 MP и ултра широка камера од 12 MP.

Фотографијата ќе биде подобрена, благодарение на Exmor T сензорот чија примарна улога е да ја подобри фотографијата во услови на слаба осветленост. Сите камери се поддржани од Zeiss оптика. Сензорот ToF е отстранет бидејќи Sony тврди дека алгоритмите за вештачка интелигенција на компанијата се толку напредни во овој момент што го направија сензорот непотребен.

Направени се подобрувања на полето на стерео звучниците кои не се погласни и имаат побогат бас, а задржан е 3,5 милиметарскиот приклучок за слушалки. Друга „ситница“ што на многумина им е важна е постоењето на слот за microSD, па Sony Xperia 1 V е еден од ретките премиум телефони со оваа опција.

Телефонот се напојува од батерија од 5000 mAh со поддршка за брзо полнење од 30 W. Sony истакнува дека батеријата се полни до 50% за 30 минути. Со сертификатите IP65 и IP68, не мора да се грижите за оштетување од вода или прашина.

Sony Xperia 1 V ќе биде достапен на европскиот пазар по цена од 1399 евра кон крајот на јуни, во црна, платинесто сребрена и зелена боја.