Тековната верзија на Windows 10 ќе биде последна, а конечната поддршка за оперативниот систем завршува во 2025 година.
Мајкрософт заврши со големи и важни ажурирања за Windows 10, а тоа го објави компанијата неодамна на својот блог.
Windows 10 верзијата 22H2 е тековната и финалната верзија на оперативниот систем.
Сепак, Мајкрософт истакна дека ќе продолжи да објавува месечни безбедносни закрпи за сите изданија на Windows 10, до конечното престанување на поддршката на 14 октомври 2025 година.
Што значи ова за корисниците?
Бидејќи нема да има повеќе нови функции на Windows 10, Microsoft им препорачува на корисниците да поминат на Windows 11.
Windows 10 сè уште ќе може да се користи по завршувањето на поддршката, но корисниците нема да можат да сметаат на безбедносни надградби, така што компјутерите што работат со Windows 10 ќе станат поранливи на различни безбедносни ризици.
Поврзани артикли