Компанијата Lenovo се подготвува да ја лансира рачната конзола Legion Play, која го користи Android оперативиот систем.

Legion Play ќе им конкурира на рачната конзола на Valve, Steam Deck, како и на Switch на Nintendo. Lenovo требаше да го претстави својот модел за време на Светскиот конгрес за мобилни телефони, но тоа не се случи.

Уредот е опишан како Android cloud гејминг конзола, која им овозможува на гејмерите да играат мобилни игри и да прават стриминг на своите PC игри, а сето тоа во еден уред.

Legion Play има 7-инчен FHD екран со HDR 10 поддршка и формат 16:9. Има два звучника, вградени контроли кои не можат да се одвојат, а го напојува батерија од 7.000 mAh.

Се чини дека конзолата користи изменета верзија на Аndroid, а ја поддржува и Nvidia GeForce Now платформата.

Останува да се види уште кои стриминг сервиси ќе ги поддржува конзолата, како и остатокот од спецификациите.