Balmuda, јапонска компанија која се прослави со производство на скапи апарати за домаќинство, пред неколку дена го претстави Balmuda Phone, смартфон со компактни димензии, но со висока цена од дури 920 долари.

Станува збор за заоблен уред кој има 4,9-инчен 1080p екран со формат 16:9 и 13,7 милиметри на најдебелиот дел. На задната страна има камера од 48 MP, додека од спротива има сензор за отпечатоци, што во голема мера придонесува за необичниот дизајн. За селфи фотографии, тука е преднаѕа камера од 8 MP, која изгледа прилично голема на екран со компактни димензии.

Balmuda Phone го покренува Qualcomm Snapdragon 765 процесор спарен со 6GB RAM и 128GB внатрешна меморија. Поради димензиите, овој паметен телефон има капацитет на батерија од 2.500 mAh, но барем може да се полни безжично, што ќе ја олесни ситуацијата, пишува The Verge.

Според извршниот директор Gen Terao, компанијата се стремела кон компактен телефон кој добро лежо во рака поради неговиот заоблен дизајн, но и пластичната задна страна, па ќе им се допадне на многу корисници кои бараат помал уред.

Телефонот на Balmuda како оперативен систем користи софтвер базиран на Android 11, кој се истакнува со својот интерактивен и приспособлив почетен екран. Треба да се напомене дека уредот ќе биде ексклузивно достапен за купување во Јапонија, но компанијата сепак очекува да им донесе приход од дури 26 милиони долари до крајот на финансиската година.