Чет-ботот со вештачка интелигенција на Snapchat сега е „прикачен“ на врвот на опцијата за разговор на апликацијата каде што корисниците можат да поставуваат прашања за вештачката интелигенција и да добиваат инстант одговори, а минатата недела чатот беше лансиран за глобалните корисници откако првично беше достапен само за претплатниците.

Токму „My AI“ беше причината за Snapchat апликацијата да доживее скок во негативни критики поради зголемениот број поплаки од корисници кои, иако можеби не сакаат да го користат споменатиот chatbot, не можат да го отстранат од апликацијата без да се претплатат на Snapchat+ , наведува TechCrunch, а пренесува „bug.hr“.

На овој начин, „Snapchat“ ја воспоставува главната доминација на почетниот екран на апликацијата и го удвојува просторот што сака да го заземе за себе наместо да им остави на корисниците да изберат дали сакаат повеќе да се фокусираат на интеракциите со пријателите или сакаат да си играат со експериментални опции.

Snapchat тврди дека новите опции наводно се воведуваат врз основа на повратни информации од заедницата и дека корисниците на кои не им се допаѓа опцијата AI не мора ни да ја користат.