Некои корисници на телефони Pixel добија одредена сума пари од Google за тестирање на услугата Google Pay. Иако се работи за грешка, некои од нив ќе можат да ги задржат тие пари.
Корисниците на Reddit објавија дека добиваат пари преку услугата Wallet, а сумата што им била исплатена се движела од неколку десетици долари, додека некои добиле четирицифрена цифра во долари.
I just got almost $100 in six different cashback rewards for “dogfooding the Google pay remittance experience”. What does that mean?
by u/jodobrowo in GooglePixel
Еден корисник истакна дека добил речиси 100 долари во шест различни парични награди за „dogfooding“ пробната услуга на Google Play. Станува збор за тестирање на нова верзија на сервис или услуга, пред да стане достапна за сите корисници.
По ова, одреден број корисници пријавиле дека добиле непланирани уплати на нивната Wallet сметка. Се сугерира дека Google требало да ги испрати уплатите до своите вработени, но по грешка биле испратени до случајни корисници кои не биле вклучени во тестирањето на функциите.
Google ги известил корисниците кои биле „оштетени“ дека планира да подигне пари од нивниот Google Wallet, а доколку тоа не се направи успешно, тие ќе можат да ги задржат парите.
Поврзани артикли