Според пишувањето на интернет страницата 9to5Mac, следната верзија на оперативниот систем на Apple за паметните часовници, watchOS 7 донесува нови функционалности наменети за најмладата популација.

Благодарение на кодот достапен во рамките на iOS 14 системот, познато е дека идниот watchOS 7 систем во рамките на „activity rings“ опцијата (која ги следи активностите на корисникот како што е движење и вежбање), ќе донесе и нова опција посебно прилагодена на активностите на децата.

Исто така, се споменува дека Apple би можел да ја додаде и опцијата која на децата ќе им овозможи носење на Apple Watch без да поседуваат iPhone, односно кога часовникот е во начин за работа за деца, ќе може да се спари со туѓ iPhone, во овој случај со iPhone-от на нивниот родител.

Повеќе детали за watchOS 7 системот би требало да бидат познати по WWDC конференцијата на Apple , која оваа година поради коринавирусот ќе биде одржана во целосно нов онлајн формат.