Иако во значително изменето издание, Winamp е сè уште апликација за пуштање музика, но сега со поддршка за подкаст, радио и стриминг сервиси, во издание кое можеби нема да им се допадне на сите.

Приказната за Winamp е исто така приказна за развојот и промените во начинот на слушање дигитална музика. Во раните денови на Интернет, P2P услугите за преземање музика како Napster и првите mp3-датотеки, Winamp беше речиси синоним за десктоп музички плеер.

Но, со текот на времето дојдоа промени и во 1999 година, нејзината матична компанија Nullsoft беше преземена од американскиот телекомуникациски гигант AOL. Во 2013 година имаа намера да го затворат Winamp, но белгиската компанија Radionomy го спаси од тоа, преземајќи го Winamp во последен момент.

После тоа Radionomy стана Llama Group, класичниот Winamp се уште е достапен за преземање, а според нивните информации моментално го користат дури 83 милиони луѓе во светот – во таа форма. Сепак, време е за нова трансформација, веруваат во Llama Group, па (по долги најави) го лансираа својот нов производ: Winamp!

Отсега како веб апликација

Ова култно име сега носи музички веб-плеер, респонзивна веб-апликација која може да го обедини слушањето дигитална музика од повеќе извори. Покрај сопствената ексклузивна содржина поставена директно на нивната платформа, како и радио емисии или подкасти, Winamp наскоро ќе понуди поврзување на надворешни стриминг услуги и ќе донесе можност за репродукција на mp3 содржини од локалната библиотека.

Затоа, реинкарнацијата на иконскиот софтвер од 1990-тите има за цел да стане централно место за слушање музика, без разлика од каде се презема. Сепак – некои беа разочарани бидејќи тоа е само веб-апликација, која има малку заедничко со софтверот што го знаеја и сакаа.

Новиот веб-плеер може да се најде овде, а мобилните апликации, наводно базирани на класичната верзија на Winamp, се најавени за подоцна оваа година.

За оние кои сè уште ги претпочитаат класиците, најновата верзија на стариот десктоп Winamp за Windows е достапна овде.