Уште девет држави се приклучија на американското Министерство за правда во тужба против Google, која тврди дека компанијата го прекршила законот за регулирање на пазарната конкуренција во бизнисот со дигитално рекламирање, објави Министерството.

Кон тужбата се приклучија и сојузните држави Аризона, Илиноис, Мичиген, Минесота, Небраска, Њу Хемпшир, Северна Каролина, Вашингтон и Западна Вирџинија.

Владата поднесе тужба во јануари до осум држави (Калифорнија, Колорадо, Конектикат, Њу Џерси, Њујорк, Род Ајленд, Тенеси и Вирџинија) тврдејќи дека Google незаконски ја користи својата доминација во дигиталното рекламирање.

Google ги негира обвинувањата и бара од судот да ја отфрли тужбата, која беше поднесена во Вирџинија.