Новите MacBook Pro лаптопи се очекуваа подоцна во текот на годината, а ќе ги покренува Apple M1X чипсетот, според наводите на дојавувачот @Dylandkt. Следната година, Apple ќе го освежи MacBook Air со целосен редизајн, а лаптопот ќе добие и M2 чип.

M1X ќе биде креиран во N5P процес на компанијата TSMC, а најверојатно ќе ја користи истата архитектура на јадра како М1. Така, се очекуваат истите Firestorm и Icestorm јадра, кои можат да се пронајдат и во A14 чипсетот.

Според наводите на изворот, M1X ќе има 10-јадрен процесор со осум големи и две ефикасни јадра (за разлика од M1 кој има 4 + 4 конфигурација). Бројот на GPU јадра може да биде удвоен или дури и четирикратно зголемен (моментно ги има осум).

Само за споредба, Apple M2 ќе има помалку CPU јадра, но тие би требало да преминат на нова архитектура. Претходниот извештај сугерираше дека Apple за iPad Pro моделите за следната година ќе користи 3nm чипови. Се очекува дека ова се однесува и на M2 чиповите кои ќе се најдат во MacBook Air уредите.