Сајтот на Samsung во Германија објави нова страница за поддршка за Galaxy Tab S7 таблетот со број на модел SM-T976B. Ова е истиот модел кој минатиот месец го видовме на Geekbench, а ја претставува Galaxy Tab S7+ 5G верзијата на уредот. Страницата не открива детали за таблетот, освен потврдата за неговото постоење, но набрзо е отстранета.

Galaxy Tab S7+ 5G ќе користи Snapdragon 865 чипсет, што значи дека ќе има поддршка за 5G мрежи. Ќе го напојува голема батерија со капацитет помеѓу 9800mAh и 10000mAh. Дисплејот од 12,4 инчи се очекува со стапка на освежување на екранот од 120Hz.

Засега не е познато кога Galaxy Tab S7+ 5G, како и стандардната верзија, ќе бидат претставени, но Samsung се подготвува за настан во август, во текот на кој се очекува објава на Galaxy Note20 серијата, како И Galaxy Z Flip 5G и Galaxy Fold 2 флексибилните телефони.