Според информации на онлајн изданието DigiTimes, Кина ќе инвестира во наредните години околу 131 милијарди долари во развој на мрежите од петта генерација во земјата.

Податоците доаѓаат од Кинеската академија за информатичка и телекомуникациска технологија и го опфаќа периодот 2020-2025 година.

Според институцијата, директните и индиректни економски ефекти од воведувањето на 5G ќе бидат меѓу 10.6 и 24.8 трилиони јуани. Во исто време самите мобилните оператори ќе генерираат приходи во износ од 1,9 трилиони јуани за истиот период од мрежите од петтата генерација.

Академијата, исто така, соопшти дека Huawei сега има 30 договори за отварање на 40.000 базни станици во различни земји. Во извештајот се наведува и дека стартната цена на 5G смартфоните ќе бидат сериозна пречка пред потрошувачите и соодветно пред масовното навлегување на новата технологија барем на почетокот.

Очекувањата се тие да чинат околу 8.000 јуани (1.050 евра) при стартот на 5G мрежите на крајот на годината, а нивните цени ќе се намалат до 1.000 јуани во 2020 година кога се очекува и масовна покриеност.