Apple тивко објави нова функција за iOS 16, која не им се допадна на фановите.

Верзијата iOS 16.1 ја носи функцијата Clean Energy Charging, што ги намалува емисиите на јаглерод со забавување на полнењето на iPhone-ите.

Телефонот се полни побавно во зависност од временскиот период на полнење, како и од локацијата каде што се полни уредот.

Оваа ситуација предизвика негодување кај корисниците, кои сметаат дека Apple намерно ја додал функцијата за да ги „излаже“ да ги надградат своите уреди. Други сметаат дека гигантот од Купертино им диктира на луѓето како да користат телефон од 1.000 долари.

Засега, опцијата Clean Energy Charging е достапна само за корисниците во САД, а може да се исклучи со едноставно притискање на копче.

Clean Energy Charging работи со Optimized Battery Charging и учи од навиките за полнење на корисникот.

За да ја деактивирате функцијата, потребно е да отидете до поставките – Battery – Battery Health and Charging и да го исклучите свичот наречен „Clean Energy Charging“.