Она што е заедничко кај повеќето современи домашни уреди, како што се телевизорот,
клима-уредот или приемникот за кабелска телевизија е далечинскиот управувач.

KlikR е минијатурен уред со чија помош корисникот може да контролира различни уреди во домот.

Потребно е KlikR да се постави на клима уред, телевизор или друг уред што може да се контролира со далечински управувач. Потоа, корисникот ја инсталира апликацијата за мобилен телефон преку којшто KlikR се поврзува со уредот. Апликацијата го препознава уредот и се поврзува со него, а корисникот може да ги избере командите што ќе ги дава преку KlikR.

Доколку заѕвони мобилниот телефон на корисникот, KlikR го „смирува“ уредот со којшто управува за да може без проблем да го изврши телефонскиот разговор. Цената на KlikR e 29,90 долари.