Има само еден логичен одговор на прашањето што оди добро со мини фрижидер во форма на конзола Xbox Series X. Тоа не е пиво, се разбира, туку Xbox Series S „инкарниран“ како тостер.
Штом Мајкрософт официјално го претстави дизајнот на своите нови конзоли, луѓето почнаа да се шегуваат. Така, на пример, Xbox Series X беше спореден со мини-фрижидер, кој компанијата оттогаш го направи и го пушти во продажба по цена од 99 евра.
Fan de #XBOX ?
Sortez vos carnet de cheque, il semblerait que le succès du frigo Xbox Séries X ai donné des idées…
– en précommande à 60€ pic.twitter.com/maJPCaVgiT— Gyo Jvfr (@GyoJvfr) March 3, 2023
Но, се чини дека претворањето на Xbox во кујнски апарати не е завршено. На Твитер се појавија фотографии од тостер во форма на конзола Xbox Series S, кој би требало да го види светлото на денот веќе на крајот на оваа година, пишува Eurogamer.
Во тостерот може да се стават два тоста од 120 x 120 mm, кои ќе можат да се загреваат на шест различни нивоа. Освен тоа, рекламната фотографија на Twitter открива дека ќе има три начини на работа на тостерот, како и функција против заглавување и „лизгање“ на уредот на подот во кујната.
Иако се вели дека Xbox тостерот е веќе достапен за преднарачка во Франција и Белгија по цена од 60 евра, Microsoft се уште официјално не го потврдил неговото „постоење“.