Bethesda и Microsoft сега и официјално потврдија дека објавувањето на долгоочекуваната игра Starfield повторно е одложено.

Со месеци, многумина се прашуваа дали Starfield ќе биде подготвен за издавање во јуни. Одговорот се покажа како не, но одложувањето на лансирањето на играта нема да трае премногу долго.

Bethesda потврди дека Starfield сега е одложен за втората половина од годината, со нов датум на лансирање на играта – 6 септември.

Дополнително, Bethesda стави крај на шпекулациите за тоа кога ќе го видиме следниот материјал на Starfield, а потврден е и новиот Direct view на играта и содржината од него.

Starfield Direct ќе започне во живо на 11-ти јуни и ќе се одржи веднаш по настанот Xbox Games Showcase.

Да заклучиме, Starfield сега е официјално закажано за објавување на 6 септември 2023 година, на платформите за компјутер и Xbox Series X/S.