Од батерија што брзо се троши до разговори што се прочитани, еве неколку знаци со кои можете да откриете дали некој го користел вашиот паметен телефон без вие да знаете.
Ако некогаш сте се посомневале дека некој го користи вашиот паметен телефон додека сте во друга соба или додека спиете, постојат вистински начини на кои можете да го проверите.
Неопходно е да се нагласи дека некои од нив ја потврдуваат активноста на страна, додека други може да значат и дека нешто не е во ред со вашиот телефон.
Проверете ја вашата историја на прелистување
Првото нешто што вреди да се погледне е историјата на прелистување. Ако имате работа со лице кое ги покрива своите траги, овој метод можеби нема да ви биде корисен, бидејќи овие траги може лесно да се избришат.
Дури и во тој случај, проверката на посетените страници може да открие дека некој го користел вашиот паметен телефон без вие да бидете свесни за тоа.
Проверете го карусел апликацијата
Апликацијата Carousel прикажува неодамна преземени апликации, а на iPhone можете да пристапите до неа со лизгање нагоре од дното на екранот и држење на прстот на средината на екранот. Ќе видите кои апликации се вклучени и ако е можно, ќе ги препознаете оние што не сте ги вчитале. Ако користите постар iPhone, само кликнете двапати на копчето Home.
Carousel го прикажува и редоследот на апликациите што сте ги користеле неодамна.
Пораките што не сте ги прочитале се – прочитани
Друг знак дека некој претура низ вашиот паметен телефон е влегувањето во пораки. Ако видите непрочитани пораки кои под себе имаат знак дека се прочитани, тоа значи дека некој ги прочитал пред вас.
Друг показател дека нешто не е во ред се пораките од пријателите кои ве прашуваат зошто не сте одговориле на пораки кои не постојат – што може да значи дека некој ги избришал.
Добивате чудни или навредливи текстуални пораки
Можеби личноста што го користи вашиот телефон ги избришала пораките и разговорите што ги имале, па ако од никаде почнете да добивате навредливи и лути пораки од луѓе кои тврдат дека сте разговарале со нив, тоа е знак дека некој го користел вашиот паметен телефон.
Празна батерија
Ако наеднаш вашиот телефон често останува без батерија, можеби тоа е затоа што некој друг го користи, пишува Daily Mail. При овој проблем, треба да се земе предвид дека може да има и други фактори – од стара батерија која не може да издржи долга работа како порано до тешки апликации кои ги трошат ресурсите на телефонот додека не сте свесни за тоа.