Социјалната мрежа Facebook соопшти дека воведува нови правила со кои рекламите против вакцинацијата ќе бидат отстранети.

„Ако рекламата има за цел да ги одврати потрошувачите од вакцината, ние ќе ја одбиеме“, наведоа Канг-Син Џин, главниот здравствен директор на компанијата и Роб Корен, директор за управување со производи.

Новата забрана доаѓа во време на низа измени во политиката на компанијата за ослободување на социјалните мрежи од проблематична содржина.

Претходно деновиве Facebook објави дека воведува забрана за негирање на холокауст, забрана за теории на заговор и групи, како и привремена забрана за политичко рекламирање пред изборите на 3 ноември во САД.