Истрагата продолжува, но агенцијата посочува дека засега не се откриени докази кои би го поврзале инцидентот со злонамерни дејствија.

Неуспехот на компјутерот што ја принуди американската регулаторна управа за цивилно воздухопловство (ФАА) привремено да ги прекине домашните летови во Соединетите држави на 11 јануари, беше предизвикана од подизведувач кој случајно избришал датотеки, соопшти ФАА.

Агенцијата веќе го припиша неуспехот, поради кој илјадници летови беа откажани или одложени на 11 јануари, на оштетување на датотеката со база на податоци.

Првичниот извештај покажа дека подизведувачот „ненамерно ги избришал датотеките додека работел на усогласување на главната и секундарната база на податоци“, додава агенцијата.

Истрагата продолжува, но агенцијата посочува дека досега не нашла докази кои би го поврзале инцидентот со злонамерни акции или хакерски напад.

FAA сега работи на тоа да го направи предметниот информациски систем, кој во реално време ги предупредува членовите на екипажот за потенцијална опасност на земјата и во воздухот, да биде „поотпорен“.

На 11 јануари, американскиот секретар за транспорт Пит Бутаџаџ рече дека побарал од FAA да ја открие причината за проблемот и да каже зошто системите што треба да обезбедат нормално функционирање во случај на дефект не функционираат.