Новиот производ е резултат на соработка помеѓу Samsung, BMW и локален мобилен оператор.
Токму Galaxy S23 Ultra BMW M Edition оддава почит на иконската „коцка“, BMW E30 претставена во 1986 година.
И додека кутијата е поврзана со коцката, самиот телефон е поврзан со некои понови производи. Футролата на телефонот е инспирирана од капакот на моторот, а користен е и мотивот на големите „бубрези“ од актуелната генерација на BMW M3.
Пакетот доаѓа и со шест амблеми на приврзоци што се одвојуваат, минијатурен воздушен компресор, аналоген часовник и држач за очила за сонце. Купувачот добива и постер, метален амблем „We are M“ и некои други детали.
Galaxy S23 не е евтин телефон, а во оваа верзија е уште поскап. Специјална серија од 1.000 примероци ќе биде достапна на јужнокорејскиот пазар по цена од околу 1.300 евра. Добрата вест е што клиентот добива и ваучер за купување во BMW Driving Center во Инчеон.
Поврзани артикли