Играчите влегуваат во светот на волшебството со нов RPG за еден играч.

Hogwarts Legacy е игра развиена од Portkey Games, а од 10-ти февруари е достапна за компјутер, како и за конзолите за PlayStation 4 и 5 и за Xbox X и S.

Дејството на играта е сместено во времето пред исклучително популарното момче-волшебник Хари Потер, во последната деценија на 19 век.

Играта ќе ни овозможи да правиме сè, од одење на часови и образование, учење магии и припитомување фантастични ѕверови до истражување на сè помалку познати делови од Hogwarts.

Играчот е во улога на студент од петта година во Hogwarts, а на располагање ќе има одбрана од магични сили, магични напивки, истражување на Hogwarts и неговата околина и бројни други активности.