По глобалната премиера, серијата Galaxy S23 и официјално беше претставена во Северна Македонија. По повод пристигнувањето на најновата серија смартфони Galaxy S, компанијата Samsung Electronics организираше промоција во познатиот скопски локал – ABC by Mosh. Посетителите имаа можност да ги испробаат најмоќните паметни телефони Galaxy S23 досега и нивната иновативна технологија.

Гостите имаа можност да се запознаат со новите уреди во интерактивната Experience зона, чиј центар беше најмоќниот модел Galaxy S23 Ultra со иновативни функции, камера и омиленото S Pen. За доживувањето да биде целосно, се погрижи познатиот македонски изведувач Антоние Весковски, кој со својата магична изведба совршено хармонично го дополни настанот. На настанот присуствуваа бројни медиуми, деловни партнери и познати личности од јавниот живот. Програмата ја модерираше нашиот брилијантен актер Игор Ангелов.

„Многу сум среќен што сме денес тука и имаме можност повторно да се видиме, да се дружиме, но и да ги покажеме Samsung новитети кои вредно ги развиваме. Кога го претставивме брендот Ultra во 2020 година, прво Galaxy S20 Ultra, а потоа Galaxy и Note20 Ultra, целта беше да им дадеме на клиентите нешто што ќе покаже дека го поседуваат најдоброто од она што Samsung има да го понуди, нешто на кое би биле горди, нешто што им даде искуство што никогаш не го. Денес, три серии подоцна, гордо може да кажеме дека со S23 се надминавме себеси!“ изјави Маријан Блажески раковoдител на сектор за мобилна комуникација.

Најнапредна камера, гејминг перформанси од следната генерација и еколошки напреден дизајн на моделот Galaxy S23 Ultra комбинирани во најиновативната серија Samsung Galaxy S досега. Целата серија Galaxy S23 поставува нови стандарди кога станува збор за сигурни премиум искуства со паметни телефони. Сите иновации за поставување стандард во серијата Galaxy S23 се спакувани во атрактивен дизајн кој дополнително ја зајакнува посветеноста на Samsung за одржливост со повеќе рециклирани материјали од кој било паметен телефон Samsung Galaxy досегаСупериорните перформанси за неверојатно мобилно искуство

За неповторливо искуство ексклузивно достапно за корисниците на Galaxy S23, Qualcomm и Samsung заеднички го развија Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2, за Galaxy уредите, оптимизиран чипсет кој ексклузивно е претставен на Galaxy S23 серијата. Овој ексклузивен процесор на Galaxy не само што е најмоќниот мобилен процесор што некогаш сме го имале, туку е и најефикасен кога станува збор за енергија.

Совршен дизајн кој истовремено се грижи за планетата

Серијата Galaxy S23 користи повеќе рециклирани материјали од кој било паметен телефон Galaxy. Изграден е да трае, со подобра издржливост и доверливост, се со цел корисниците да може да уживаат во премиум искуство со Galaxy што е можно подолго. Серијата Galaxy S23 нуди разновидност на рециклирани материјали повеќе од било кој друг паметен телефон Galaxy и за прв пат воведува рециклиран алуминиум и стакло во неговите компоненти.

Врвот на ноќната фотографија

Galaxy S23 Ultra ја носи најинтелигентната камера досега и иновативната опција Nightography за создавање спектакуларни ноќни фотографии и видеа, што ја претвора ноќта во ден. Подобрените можности за ноќна слика го трансформираат начинот на кој серијата Galaxy S ги оптимизира фото и видео снимките во широк опсег на условите во опкружувањето. Како прв меѓу телефоните на Samsung Galaxy, Galaxy S23 Ultra може да се пофали со нов 200MP адаптивен сензор за пиксели кој снима важни моменти со неверојатна прецизност.

Нарачајте пред сите

Почнувајќи од 17 февруари 2023 година, Galaxy S23 Ultra, Galaxy S23+ и Galaxy S23 ќе бидат достапни од операторите и трговците на мало, како и на Samsung.com. Серијата Galaxy S23 доаѓа во четири нијанси инспирирани од природата: фантомско црна, крем, зелена и лаванда. Galaxy S23 Ultra ќе се продава во Северна Македонија по препорачана малопродажна цена од 83.999 ден, Galaxy S23 + по препорачана малопродажна цена од 71.999 ден  и Galaxy S23 по 56.999 ден.

Со купување на уред од серијата Galaxy S23, добивате и модел X2 со двојно повеќе мемориски простор* за цената на основната варијанта и заштедете. Промоцијата трае од 2.2. до 9.2 2023 година или додека траат залихите. Напомена: * Се однесува на: Galaxy S23 8/256 GB по цената за 8/128 GB, Galaxy S23+ 8/512 GB по цената за 8/256 GB, Galaxy S23 Ultra 12/512 GB по цената за 8/256 GB. Не вклучува модел од 1 TB.

За повеќе информации за Galaxy S23 серијата посетете ја СТРАНАТА

###

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизори, паметни телефони, уреди за носење, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи, кастинг и LED решенија. За најновите вести, посетете ја прес-салата на Samsung на http://news.samsung.com.

ПР Текст