Компанијата Samsung своите евтини смартфони од Galaxy M серијата првобитно ќе ги пласира на индискиот пазар, а потоа и на пазарите ширум светот.

Од Samsung соопштија дека уредите ќе бидат достапни преку интернет страницата и индискиот Amazon кон крајот на јануари, а целта е да ја дуплираат онлајн продажбата. Samsung мометно пробува повторно да го преземе приматот во Индија, вториот најголем пазар на смартфони на светот по Кина. Xiaomi го престигна кон крајот на 2017. година.

Достапната Redmi серија на Xiaomi и даде предност на компанијата, но Samsung минатата година ја отвори најголемата фабрика за производство на смартфони во светот. Таа се наоѓа во Ноиди, недалеку од Њу Делхи.

На пазарот ќе се појават уредите M10, M20 и M30, од кои последниот би можел да го има процесорот Exynos 7885 и 4 GB RAM. Цената на смартфонот ќе изнесува од 142 долара нагоре.

Samsung својот нов флегшип Galaxy S10 ќе го претстави во Сан Франциско на 20. февруари.