Huawei традиционално ги претставува своите телефони од P серијата во текот на првиот квартал од годината. Иако кинеската компанија сè уште официјално не објавила ништо, дојавувач тврди дека Huawei P50 серијата ќе пристигне со подобрувања во областа на дизајнот и камерите.

Според наводите на дојавувачите, Huawei кај P50 серијата ќе се фокусира на значително подобрување на индустрискиот дизајн, покрај подобрувањето на можностите за фотографирање. Huawei P50 серијата ќе биде опремена со нова генерација на „super imaging“ системот, а ќе продолжи да користи Leica камери

Минатиот месец, дојавувачот Teme објави дека P50 / P50 Pro+ телефоните  ќе имаат 6,6-инчен / 6,7-инчен четирикратно закривен дисплеј со стапка на освежување од 120Hz. Исто така, посочува дека уредите ќе ги краси похармоничен дизајн, поддршка за нови гестикулации и EMUI интерфејс заснован на Android 11.

Покрај тоа, Huawei P50 / P50 Pro+ се очекува со Kirin 9000 чипсет, 4200mAh / 4300mAh батерии и поддршка за 66W/50W брзо полнење.