Samsung на 1 февруари ќе ја претстави својата серија на мобилни телефони Galaxy S23, а откако видовме како ќе изгледа основниот модел, се појавија и официјалните прес-фотографии од преостанатите два модели.

Станува збор за моделите Galaxy S23 Plus и Galaxy S23 Ultra, чии фотографии го откриваат нивниот дизајн и палета на бои.

Изгледа дека Galaxy S23 Ultra нема да има свои опции за боја оваа година, туку наместо тоа ќе биде достапен во Phantom Black, Cotton Flower, Botanic Green и Misty Lilac, исто како и основниот S23.

Оние кои ќе одлучат да го купат Galaxy S23 Plus исто така ќе ги имаат истите бои на располагање.

Сепак, можно е достапноста на боите да зависи од пазарот. Со оглед на тоа и фактот дека не се знае на кој пазар се поврзани фотографиите, можно е се уште да не сме ги виделе сите бои кои ќе бидат достапни.