Мета го потврди купувањето на уште една компанија која треба да помогне во нивните напори за развој на метаверс.
Станува збор за компанијата Luxexcel од Холандија, која е основана далечната 2009 година, но деталите за оваа аквизиција, односно колку Мета платила за компанијата не се познати.
Luxexcel започна како компанија да развива леќи со диоптер за очила користејќи технологија за печатење 3D, а неодамна тие го пренасочија својот фокус на паметни леќи кои можат да се печатат со интегрирана технологија како што се LCD и холографски филм.
Двете компании претходно соработуваа на Project Aria, проект за проширена реалност, а по објавувањето на аквизицијата, Мета рече: „Возбудени сме што тимот на Luxexcel се приклучи на Meta и го прошири постојното партнерство на компаниите“.
Да потсетиме, Мета во јуни 2021 година во соработка со Ray-Ban претстави паметни очила со кои може да се фотографира и да се снимаат видео клипови, како и да се јавуваат преку Facebook и WhatsApp. Со идната технологија на Luxexcel, сега конечно очекуваме компанијата на Цукерберг да развие очила со поддршка за проширена реалност, нагласија тие на Tech Crunch.
Досега стратегијата на компанијата на пазарот на виртуелна и проширена реалност беше стекнување на мали компании кои развиваат VR и AR технологија, кои потоа ги користат за развој на сопствени уреди. Најдобар пример за ова е преземањето на компанијата Oculus во 2014 година, за којa платија две милијарди долари и последователно ја имплементираше таа компанија во нивниот оддел Reality Labs.
Треба да се нагласи дека Мета претходно презеде друга VR компанија (Within), но тие сè уште немаат добиено одобрение од регулаторот за завршување на аквизицијата, па постои можност регулаторните тела да го разгледаат и новото преземање на Мета на овој пазар.
Поврзани артикли