Instagram Reels моментно се многу добра забава, но ограничувањето од 60 секунди може да претставува проблем. Сепак, сега има добри вести за сите кои сакаат повеќе, бидејќи Instagram планира да ја зголеми должината на видеото, за конечно да му парира на својот ривал TikTok.

Според Алесандро Палуци, доверлив дојавувач за Instagram, компанијата истражува можност што ќе им овозможи на корисниците да создаваат подолги Reels снимки. Во моментов, корисниците можат да креираат снимки долги до 60 секунди, но во блиска иднина, корисниците би можеле да снимаат Reels видеа од 90 секунди или една и пол минута.

Врз основа на скриншот споделен од типстерот, ќе постои прекинувач во режимот за снимање на Reels записи, што ќе им овозможи на корисниците да постават ограничување на видеото на 90 секунди. Би требало да знаете дека опцијата од 90 секунди сè уште не им е претставена на корисниците на Instagram, а компанијата исто така не ги откри плановите за официјално претставување.

Instagram Reels прв пат беа лансирани со временско ограничување од 15 секунди, кое е удвоено на 30 секунди. Должината потоа повторно беше дуплирана во јули минатата година.