Најновите гласини сугерираат уште едно подобрување што ќе го добие целата претстојна серија на телефони Samsung Galaxy S23.
Според тврдењата на дојавувачот Ахмед Квајдер на Твитер, Samsung ќе ја објави целата своја серија на телефони Galaxy S23 со минимум 256 GB простор за складирање.
Се посочува дека ќе биде отстранета опцијата со 128 GB простор, што значи дека повеќе нема да има Galaxy S23 Ultra модели со 8 GB RAM. Ќе има само опција од 12 GB.
⭕️Exclusively & officially🤩
Good news for Samsung fans
It’s amazing to beGalaxy S23 8Ram + 256G🔥
Galaxy S23+ 8Ram +256G🔥
Galaxy S23 Ultra 12R+256G+512G+1TGoodbye 128G
I’ve been waiting for this move for a long time
A very good move from Samsung thanks @technizoconcept pic.twitter.com/7EZbA6tyjK— Ahmed Qwaider (@AhmedQwaider888) January 1, 2023
Дојавувачот објави само една опција за складирање за S23 и s23+, но и три верзии за моделот Ultra, што го поставува прашањето дали се работи за комплетна листа на претстојни варијанти на телефони или комплетна листа само за моделот Ultra.
Тековните телефони Galaxy S22 и Galaxy S22+ имаат почетни модели со 8GB RAM и 128GB простор, додека Galaxy S23 ќе има 8GB и 256GB како основни варијанти. Galaxy S23 Ultra ќе има три опции: 12 + 256 GB, 12 + 512 GB и 12 GB + 1 TB.
Чиповите за складирање во серијата S22 беа од типот UFS 3.1, додека серијата Galaxy S23 ќе користи UFS 4.0 – ова ќе овозможи два пати побрзо читање и 1,6 пати побрзо запишување на податоци. Се најавува и подобрување од 46% во потрошувачката и ефикасноста на батеријата.
Останува да видиме колку сето ова ќе влијае на поскапувањето на серијата Galaxy S23, која Samsung треба да ја претстави на почетокот на февруари.
Поврзани артикли