Популарниот YouTube канал JerryRigEverything создаде ретроспективно видео, набројувајќи ги телефоните кои најдобро поминаа на тестовите за издржливост во изминатата година.

Зак, од споменатиот канал, ни даде уште еден увид во телефоните кои оставија најдобар впечаток со нивната издржливост, отпорност и лесна услуга.

Листата на најиздржливи телефони во 2022 година се состои од:

Google Pixel 7 Pro – најлесно за поправка
Apple iPhone 14 – на второ место меѓу најлесните телефони за сервисирање

Samsung Galaxy Z Fold 4/Z Flip 4 – најтешко за поправка и сервисирање

Nothing Phone (1) – најиновативниот телефон

Google Pixel 7 Pro – најдобриот изглед од внатре

ROG Phone 6 Pro – најмалку отпорен и издржлив

AGM H5 – најиздржливиот телефон

Заклучокот е дека најиздржливите телефони не мора да бидат најскапи, а исто така и дека секој премиум телефон може да биде екстра издржлив доколку користите заштитни футроли и капаци.