Кинеската компанија Meizu речиси секојдневно објавува тизери и информации за Meizu 17 серијата на премиум смартфони. Овој пат, дознаваме дека телефоните ќе имаат прилагодени Samsung Super AMOLED дисплеи.

Претходните тизери сугерираа дека овие панели ќе имаат поддршка за 90Hz освежување, како и дека од предната страна ќе биде сместена 32MP камера во рамките на punch-hole отвор.

Meizu исто така потврди дека Meizu 17 серијата ќе има поддршка за NFC конекција. Во текот на викендот пристигна и потврда дека уредите ќе имаат и mEngine 3.0 хоризонатален линеарен мотор, како и Snapdragon 865 чипсет и UFS 3.1 складирање.

Meizu 17 би требало да имплементира и 64MP главна камера, 4500mAh батерија и поддршка за 30W брзо полнење. Pro варијантата на телефонот се очекува со поддршка за безжично полнење, задна страна од керамика и ексклузивна Azure Green варијанта на боја.