Apple и Qualcomm во последно време имаат големи проблеми во меѓусебните деловни односи. Двете компании водат повеќе борби пред судовите, а се повеќе станува јасно дека ваквата состојба ќе биде одговорна за побавното прифаќање на 5G технологијата на iPhone уредите – изворите тврдат дека првиот 5G iPhone ќе пристигне дури во 2020. година.

Во сведочењето пред FTC, COO на Apple, Џеф Вилијамс истакна дека Qualdomm одбива на Apple да му испорачува модеми за најновите модели на iPhone, а ова трае од моментот кога почна војната на двете компании пред судовите. Исто така, Влијамс тврди дека Qualcomm бара преголем надомест (7,50 долари по iPhone). Apple сакаше ова да биде 1,5 долари по теелфон. Треба да се напомене дека ова е само надомест за патенти во сопственост на Qualcomm, самиот модел чини 30 долари.

Во текот на судењето е откриено дека Apple ги разгледувал Intel, MediaTek и Samsung како потенцијални снабдувачи на 5G модем за iPhone моделите во 2019. Во текот на сведочењето не е прецизирано дали Apple ја донел конечната одлука кој снабдувач ќе го ангажира, како и дали во текот на овааа година било каков 5G iPhone ќе биде објавен.