Матичната компанија на Фејсбук, Мета, се согласи на спогодба од 725 милиони долари во случајот со Cambridge Analytica, откриваат документите на американскиот суд.

Предложената спогодба треба да го реши случајот што е отворен од 2018 година, во кој Фејсбук е обвинет дека дозволил на надворешна консултантска компанија пристап до податоците на речиси 87 милиони корисници.

Cambridge Analytica, сега веќе непостоечка компанија, работеше и на претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016 година. Компанијата ги добила личните податоци на сметките на Facebook за профилирање и таргетирање на гласачите без согласност на корисниците.

Случајот ги принуди владите ширум светот да ги променат своите практики за приватност на податоците, а Facebook се согласи да плати 5 милијарди долари во 2019 година за да го подмири FTC и другите казни.

Спогодбата сè уште треба да биде одобрена од федералниот суд во Сан Франциско. Компанијата Мета не призна дека сторила нешто лошо и тврди дека „го преработила својот пристап кон приватноста и имплементирала сеопфатна програма за приватност“.