Како одговор на пандемијата од „Ковид-19“, Microsoft одлучи да го насочи фокусот кон ажурирањата за безбедност на оперативниот систем. Компанијата ќе ги паузира опционалните ажурирања за сите верзии на Windows, како за клиентите, така и за серверите.

Од мај 2020 година, Microsoft ќе ги паузира сите опционални, не-безбедносни, ажурирања за својот оперативен систем. Според терминологијата што ја користи Microsoft, ажурирањата „C“ и „D“ се откажани, додека месечните „B“ серии на ажурирања ќе продолжат да се испорачуваат како и обично. Ажурирањата на „B“ сериите се подобро познати како „Patch Tuesday” ажурирања.

Овој потег е преземен за да се ограничи обемот на работа на IT администраторите ширум светот за време на глобалната здравствена криза и ќе му овозможи на Microsoft да одржува редовен распоред за ажурирање.

Повеќе информации за изменетиот распоред на Microsoft за ажурирања се достапни на линкот на изворот.

Извор: Microsoft