VESA организацијата за стандардизација на го претстави стандардот DisplayPort 2.0 во 2019 година, ветувајќи им на корисниците поголема проток отколку со стандардот HDMI 2.1 и поддршка за резолуции како што се 8К, како и повисоки стапки на освежување.

Првично, DisplayPort 2.0 требаше да биде објавен кон крајот на 2020 година, но не го видовме за време на CES 2020 саемот. Во изјава за The Verge, VESA потврди дека имплементацијата на DisplayPort 2.1 кај мониторите е одложена поради пандемијата на Ковид-19, што спречи важни состаноци на инженери и им оневозможи на многу компании да работат заедно и да ги поправат проблемите со компатибилноста.

Сега се очекува DisplayPort 2.1 да се појави во производите подоцна во текот на 2021. година, но се очекува дека ќе треба повеќе време за стандардот да стане широко распространет. VESA треба да се осигура дека графичките картички, мониторите и другите типови на екрани прифаќаат поддршка за DisplayPort 2.1, што ќе биде долг процес.

DisplayPort 2.0 ќе поддржува максимална пропусност од 80Gbps и може да се користи преку ажурираниот DisplayPort конектор и USB Type-C приклучок (преку USB4 стандардот). USB4 и DisplayPort 2.0 се засноваат на Intel Thunderbolt 3 стандардот.