Еден од најголемите бесплатни сервиси за е-пошта ќе им овозможи на своите корисници побезбедно да кореспондираат. За почеток, деловните сметки ќе добијат енкрипциска заштита.

Електронската пошта се заснова на екстремно стари стандарди и протоколи и како таква е многу несигурна.

Популарните даватели на услуги стандардно не нудат нејзина енкрипција, е-поштата се испраќа од сервер до сервер во јасен текст или е заштитена со шифрирање STARTTLS (а потоа се складира во обичен текст), но целосното шифрирање од крај до крај е сè уште релативно ретко.

Затоа, е-поштата денес не се смета за премногу безбеден начин на комуникација, но Google најавува дека ќе направи голем чекор во таа насока.

Компанијата Gmail, која има речиси две милијарди корисници, добива поддршка за целосно шифрирање од крај до крај имплементирано на страната на клиентот. Моментално оваа опција е во бета верзија и е достапна само за корисниците кои се на пакетот Google Workspace (односно деловните и образовните корисници, оние кои плаќаат за овие услуги), пишува Bug.hr.

Од Google велат дека шифрирањето ќе се применува на e-mail пораките во самиот прелистувач, пред податоците да стигнат до нивните сервери, па на тој начин тие нема да можат да ги „видат“ клучевите за шифрирање кои ги штитат податоците.

Оваа безбедносна опција се нарекува шифрирање од страна на клиентот (CSE), а корисниците кои сакаат да ја користат, засега ќе мора рачно да ја вклучат во поставките. Пред тоа, тие ќе треба да се пријават за да го користат во бета верзијата овде. Во моментов се поддржани пакетите Enterprise Plus, Education Plus и Education Standard.

Потоа ќе се примени шифрирањето на сите нивни е-маилови, испратени во или надвор од организацијата, но со предуслов и испраќачот и примачот да ја имаат активирана истата функција (CSE). Ова имплицира дека примачот и испраќачот мора да бидат на серверите на Google.