Годинава Русија ќе активира сајт наречен „Знание Ноулиџ“, што ќе биде еквивалентно на Википедија, изјави неодамна рускиот министер за дигитален развој Максут Шадајев.

„Нашата главна задача е да отвориме сопствен портал, кој е ажуриран според податоците на Големата руска енциклопедија, а лансирањето е планирано за почетокот на 2023 година“, рече Шадаев.

На почетокот на минатата година синџирот ресторани за брза храна Мекдоналдс ја напушти Русија поради нападот на Украина, а рускиот бизнисмен кој ги купи рестораните од Мекдоналдс отвори синџир наречен „Вкусно – и точка“, кој е руската верзија на Мекдоналдс.