Се појавија фотографии од тест модели на линијата Samsung Galaxy S23, што укажува на разликите помеѓу претстојните три телефони.

Серијата Galaxy S23 ќе се состои од телефоните S23, S23 Plus и S23 Ultra. Во претходниот период имаше многу информации и протекоа вести за линијата.

Најновите детали ни даваат најблизок поглед на тест моделите од серијата Galaxy S23. Самсунг досега успеа да ги заштити деталите за своите сè уште необјавени телефони, барем кога станува збор за дизајнот.

Неодамна се појавија рендери од телефонот, но сега имаме можност да ги видиме во живо, иако не се вистински уреди.

Фотографиите покажуваат дека S23 ќе биде сличен на моделот Galaxy S22, но со порамни страни и потенки димензии. Видливи се и потенки рамки околу екранот на телефонот, кои ќе бидат малку подолги од неговиот претходник.

Групните фотографии покажуваат дека сите три телефони ја спроведуваат истата идеја кога станува збор за распоредот на камерата, а ќе се разликуваат само во сензорите.

Galaxy S23 Ultra ќе биде најголемиот телефон во гамата, со екран од 6,8 инчи и слот за S Pen. Во средината е S23 Plus со екран од 6,5 инчи, додека стандардниот Galaxy S23 треба да има екран од 6,1 инчи.

Само Galaxy S23 Ultra се очекува да има главна камера од 200 MP, додека тој сензор нема да биде имплементиран во другите два модели.

Конкретните детали и дизајнот на серијата Galaxy S23 ќе ги дознаеме на почетокот на следната година.