Samsung потврди дека работи на GDDR7 меморија, а компанијата откри дека има претстојни DRAM решенија кои вклучуваат 36Gbps GDDR7 мемориски модули.

Оваа информација е важна затоа што меморијата GDDR7 е двојно побрза од мемориските модули GDDR6, кои моментално вообичаено се користат во графичките картички.

Меморијата GDDR6, која денес често може да се најде во графичките картички, нуди брзина од 16 Gbps, додека некои посилни модели нудат брзина од 18 Gbps. Со GDDR7 модулите на Samsung од 36 Gbps, корисниците може да очекуваат подобрување за околу двапати на брзината на протокот.

Покрај GDDR7 DRAM, Samsung подготвува и DDR5 мемориски модули со поголем капацитет, побрзи LPDDR5X мемориски модули, како и специјализирани DRAM решенија наменети за одредени пазари.

Се очекува дека со GDDR7 меморијата ќе биде можно да се постигне зголемување на брзината за два пати во споредба со GDDR6, што ќе им овозможи на графичките картички да понудат поголем проток користејќи помалку модули.