Supergiant Games забележа голем успех со Hades, а сега студиото се враќа со продолжение.

Hades 2 е официјално најавен, а раниот пристап до играта ќе им биде достапен на гејмерите на почетокот на 2023 година.

Нема премногу детали за продолжението, но се знае дека наместо Загреус, на играчите ќе им биде достапна нова хероина – Мелиное. Станува збор за божицата на месечината, онаа која носи кошмари.

Традиционално, во грчката митологија, Мелиное е мајка на Загреус. Сепак, Supergiant Games направи промени за нејзиниот лик подобро да одговара на приказната, па така Мелиное во Hades 2 е сестрата на Загреус, односно ќерката на Хад.

Приказната за Hades 2 се одвива по првиот дел, а Хронос и Хадес се главните негативци.

Hades 2 ќе пристигне како Early Access на Steam и Epic Games Store во 2023 година. Нема информации за конечниот датум на издавање, а играта се очекува и на конзолите.