Калифорнискиот производител на гејминг уреди Razer, разви автомати со заштитни маски кои ќе бидат поставени ширум Сингапур со цел на здравствените власти да им ја олесни борбата со пандемијата на коронавирусот.

Инаку, глобалните операции на Razer се базирани на оваа островска држава-град на југоистокот на Азија.

„Razer ќе продолжи да го поддржува Сингапур за да остане успешен во борбата против коронавирусот“, истакна за Ројтерс, главниот директор на Razer, Мин-Лианг Тан

Во Сингапур животот се одвива нормално и покрај пандемијата. Жителите се одговорни и ги почитуваат сите наредби и препораки на здравствените власти. Носењето на маски за жителите на Сингапур е најнормална работа, па дури и кога станува збор за обична настинка.

Компанијата Razer веќе има целосно автоматизирана линија за производство на маски за лице во Сингапур, која успеа да ја развие за само 24 дена. Од Razer истакнуваат дека веќе испорачале повеќе од милион маски кои ги произвеле нивните машини.

Razer првенствено планира да им подари пет милиони маски на жителите на Сингапур, а потоа ќе се наплаќаат маски во автоматите. Компанијата, исто така, ги здржува силите со производителот на пластика Sunningdale Tech за да го зголеми производството на десет милиони маски месечно.

Со популација од 5,5 милиони жители кои се навикнати да носат маски што ќе излезат од дома, Сингапур му должи голема благодарност на Razer и неговите потфати.