Motorola официјално го претстави Moto X40 во Кина, својот најнов телефон од премиум сегментот, а го красат врвните спецификации.

За почеток, Motorola Moto X40 има 6,7-инчен AMOLED екран со FHD+ резолуција и стапка на освежување од 165 Hz. Центрирано во горниот дел, има исечок за камерата „punch-hole“, а рабовите околу екранот се закривени. Екранот има поддршка за 10-битни бои, HDR и интегриран сензор за отпечатоци.

На задната страна на телефонот има правоаголен модул за камера, каде што се наоѓаат три сензори за камера. Системот се состои од главна камера од 50 MP со поддршка за OIS, ултра широк сензор од 50 MP и телефото од 12 MP. На предната страна има селфи камера од 60 MP. Уредот поддржува снимање 4K HDR видео и хоризонтално заклучување за време на снимањето.

Moto X40 се напојува со чипсет Snapdragon 8 Gen 2, има до 16 GB LPDDR5x RAM и до 512 GB простор за складирање UFS 4.0. Уредот е опремен и со тридимензионален систем за течно ладење.

Сè се напојува со батерија од 4600 mAh, со поддршка за брзо полнење од 125W преку кабел и 15W безжично полнење. На планот на софтверот, уредот работи со Android 13 OS со кориснички интерфејс MY UI 5.0.

Опциите за поврзување вклучуваат двојна SIM, 5G, WiFi 6E, Bluetooth 5.3, GPS, NFC и USB Type-C порта. Телефонот има IP68 сертификат за отпорност на вода и прашина, а има и стерео звучници Dolby Atmos.

Moto X40 пристигнува во Smoky Black и Tourmarine Blue бои, со почетна цена од околу 490 долари за најевтиниот модел до околу 620 долари за најскапиот (претворен од кинески јуани). Засега нема информации за глобалното лансирање на телефонот, но се очекува следната година.