Технолошкиот гигант подготви ажурирања за паметни телефони, часовници и Google TV, како и голем број други уреди (вклучувајќи возила) за декември.

Google објавува додатоци за Android телефони, часовници и Google TV овој декември. Надградбите вклучуваат пристапен режим за читање, додаток за пребарување на YouTube, клучеви од автомобил што може да се споделат, нови акциони плочки за Wear OS и неколку празнични подароци.

Еве сè што ни доаѓа од Google.

Телефони

Декемвриското ажурирање за Android носи пристапен начин на читање, создаден за луѓе со дислексија или слаб вид. Откако ќе се активира, корисниците ќе можат да ја променат големината на фонтот и контрастот на екранот за да ја подобрат видливоста на текстот. Новиот режим на работа ја носи и функцијата текст-во-говор (text-to-speech), што значи дека е можно да се слушаат статии на интернет. Се што треба да направите е да ја инсталирате апликацијата Reading Mode и да ги следите упатствата, пишува TechCrunch.

Google, исто така, воведува нов додаток за YouTube, што го олеснува пристапот до полето за пребарување, Home, Shorts содржината, претплатите и библиотеката.

Од минатата недела корисниците можат да проектираат содржина на компатибилен телевизор директно од апликацијата Google TV. Ова овозможува да се репродуцира содржината додека истовремено се бара нешто друго за гледање, се префрла на други апликации за да се провери дали има ажурирања и се користи телефонот како дополнителен контролер. Компанијата првпат зборуваше за оваа функција уште во мај на конференцијата Google IO.

Google Photos додава нов дизајн на колаж за зимските празници, создаден од дизајнерската двојка DABSMYLA во тандем со илустраторот Jao Cheng Design. Можете да изберете фотографии во апликацијата Google Photos, да ги додавате во колаж и да прелистувате нови стилови за да ја изберете конечната рамка.

Gboard Emoji Kitech, исто така, додава поддршка за сино срце, снежно бело и снегулка што може да се вметнат во емотиконите.

Автомобили

Google воведе поддршка за дигитални клучеви од возила минатата година, а со новото ажурирање, корисниците можат да го споделат пристапот до нивниот автомобил со семејството и пријателите кои користат уреди Pixel и iPhone.

Компанијата тврди дека можете да го користите дигиталниот паричник за да го гледате и правите промените на вашиот дигитален клуч од автомобилот. Тие исто така додаваат дека оваа функција наскоро ќе биде достапна на некои уреди со Android 12.

Часовници

Ажурирањето на Wear OS носи нови плочки или Tiles – екрани слични на виџети, кои се користат за брз пристап до информации како што се омилените контакти и времето на изгрејсонце. Функцијата е веќе поврзана со Google Maps што овозможува пристап до навигацијата до зачуваните локации како што се работа и дом.

Google, исто така, ја надгради апликацијата Keep за Wear OS, така што списоците и белешките имаат подобар и почитлив формат со поддршка за приспособливи позадини, фотографии и слики.

За да ги активирате овие функции, се што треба да направите е да ги ажурирате апликациите на најновата достапна верзија.