Кој би можел да знае повеќе за манипулациите со фотографии од оние кои уште одамна почнале професионално да се занимаваат со тоа?

Во компанијата Adobe, најпозната по Photoshop, софтвер за обработка на фотографии кој направил вистинска револуција во графичката индустрија, велат дека се свесни за негативните импликации кои ги донел нивниот софтвер преку “демократизација” на обработката на фотографиите.

Лажираните, и на било кој друг начин дигитално изменетите фотографии, може да имаат етички многу сомнителни резултати. Затоа од Adobe порачуваат дека континуирано работат на тоа технологијата да ја искористат така што ќе ја вратат довербата во дигиталните медиуми.

Поради тоа, во соработка со Калифорнискиот универзитет Беркли, развиле начин за откривање на дигитални манипулации на фотографиите.

Нивниот софтвер се потпира на машинско учење, тестиран е на бројни помали и поголеми измени на фотографии од лица, па така научил да препознава кога, и како, некоја фотографија е обработена.

Софтверот на Adobe, во овој момент, е во состојба од 99 проценти од случаите точно да препознае дигитална манипулација, која подразбира измени на изрази на лица или други облици на “разубавување”.

Колку за споредба, луѓето кои биле “испрашани” на истите примери постигнувале ефикасност од дури 53 проценти, што статистички е речиси еднакво на слободен избор.

Освен што е во состојба да препознае кога на фотографијата е нешто менувано, клонирано или отстрането, новиот софтвер е во состојба и да предложи начин за враќање на фотографиите во првобитен облик.

Од Adobe порачуваат дека, откако ја демократизирале обработката на фотографиите, сега сакаат истото да го направат и за форензиката на дигиталната содржина.

Извор: B92.net