Популарниот дојавувач и новинар Макс Вајнбах откри некои интересни детали за Google Pixel 6 и Pixel 5a телефоните.

Изворите на Вајнбах сугерираат дека чипот Whitechapel, кој ќе ги напојува телефоните, нема да биде толку моќен како Snapdragon 888 или Samsung Exynos 2100. Чипсетот ќе ја користи 5nm технологија на Samsung, но ќе биде меѓу  Snapdragon 865 и 888 моделите во однос на суровите перформанси.

Посебна карактеристика на овој прилагоден чипсет ќе биде NPU (Neural Processing Unit) и ISP (Image Signal Processor). Овие елементи не се нови за Pixel семејството, но не беа дел од минатогодишните телефони на Google. NPU и ISP се користат за да се добијат подобри слики со помош на компјутерска фотографија. Претходните гласини сугерираат дека можеме да очекуваме сензор за главна камера од 50MP, со ултраширока камера и 8MP 5x зум-камера.

Дојавувачот истакнува дека портокаловата верзија на Pixel 6 телефонот, која се појави на неодамнешните рендеи, всушност повеќе ќе биде боја на праска. Во подготовка се и зелени, сребрени и црни дизајни.

Интерните извештаи сугерираат дека Google оваа година ќе вложи доста средства во својата маркетиншка кампања. Доколку се оди според планот, Google Watch, Pixel 5a и Pixel 6 би можеле да ги видиме во октомври. Секако, доколку се оддолжат проблемите со недостиг на чипови, можно е објавата на споменатите уреди да биде во ноември.

Покрај тоа, вајнбах споменува дека цената на Pixel 5a ќе биде поголема од онаа која по објавата ја имаше Pixel 4a. Исто така, овој модел нема да има поддршка за безжично полнење.